Кошаркарот на ТФТ, Александар Костоски е прогласен за најкорисен играч (МВП) на 6. коло во регионалната АБА2-лига.

Поранешниот македонски репрезентативец доминираше на теренот во натпреварот на неговиот тим против Подгорица.

Кососки во понеделникот за 39 минути поминати на теренот постигна 28 поени, 5 скока, 9 асистенции, 3 украдени топки и индекс на вреднување 40.

Тој имаше највисок индекс на корисност во шестото коло.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2022 02:29