Кошаркарите на Бруклин нетс го добија првото полувреме од мечот со Голден Стејт одигран ноќеска на домашен терен со резултат 91:51. Постигнатите 91 поен во првите 24 минути игра е нов рекорд за клубот од Бруклин и трет највисок резултат во историјата на НБА.

Рекордот во лигата му припаѓа на Феникс (107 поени во првото полувреме од мечот со Денвер во 1990 година). Второто место му припаѓа на Голден Стејт (92 во натпреварот со Чикаго во 2018 година).

Нетси ја добија воведната четвртина со 46:17. Остварената разлика од 29 поени во една четвртина е најдобар резултат во НБА-лигата.

Кевин Дурент постигна 21 поен во прво то полувреме, реализирајќи 8 од 9 од поле, Ројс О’Нил додаде 14 поени на 5 од 5 од поле.

Треба да се забележи дека Вориорс играа без Стеф Кари, Клеј Томпсон и Ендрју Вигинс.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2022 10:28