Рускиот хокеар Александар Овјечкин постигна два гола синоќа во домашната победа од 4-1 на својот Вашингтон против Винипег и со тоа изби на второто место на вечната листа најдобри стрелци во северноамериканската хокеарска НХЛ лига.
Овјечкин сега има вкупно 802 постигнати голови во најсилната хокеарска лига во светот и го истисна од второто место на листата најдобри стрелци легендарниот Горди Хоу (801).
Пред Овјечкин остана само најдобриот хокеар на сите времиња, Канаѓанецот Вејн Грецки, со 894 голови во НХЛ лигата.