Кошаркарот на НБА лигашот Голден Стејт, Стеф Кари, ќе отсуствува од паркетот уште две недели поради повреда на рамото, потврди синоќа неговиот клуб.

Кари на 14. овој месец доживеа делумна дислокација на левото рамо на натпреварот против Индијана.

МВП-то на ланското НБА финале сезонава има просек од 30.6 поени, 6.6 скокови и 6.8 асистенции по натпревар, а последните четири дуели на Голден Стејт ги пропушти поради повредата.

Голден Стејт објави дека прегледите покажале оти рехабилитацијата оди добро и оти следниот преглед ќе биде за две недели.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2022 10:30