Дваесет и еднократниот грен слем шампион Новак Ѓоковиќ одговори на прашање за можното пензионирање.
– Би сакал да играм што е можно подолго. Немам никакви бројки или ограничувања во мојата глава. Засега се оди прилично добро, немам за што да се жалам. Така, се додека играм на ова ниво, додека огнот гори во мене, ќе продолжам, го цитира Ѓоковиќ „ESPN“.
Во финалето на завршниот АТП турнир во Торино, 35-годишниот Србин го победи 24-годишниот Норвежанец Каспер Руд.
Исто така во 2022 година, српскиот тенисер го освои Грен слем турнирот Вимблдон, станувајќи негов седумкратен победник.