Кошаркарската федерација вечерва ги прогласи најдобрите во кошаркарскиот спорт. На свеченоста во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје признанија добија:

– најдобар кошаркар: Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

– најдобра кошаркарка: Александра Стојановска (Бадел и Гас Евникос)

– најдобар млад кошаркар: Андреј Шошкиќ (Работнички)

– најдобра млада кошаркарка: Михаела Алексовска (Крива паланка)

– најдобра машка екипа (сениори): МЗТ Скопје Аеродром

– најдобра женска екипа (сениорки): Баскет Кам

– најдобра машка екипа (младински лиги): Работнички

– најдобра женска екипа (младински лиги): Крива Паланка

– најдобар тренер на машка екипа (сениори): Александар Петровиќ (ФМП и МЗТ Скопје)

– најдобар тренер на женска екипа (сениорки): Александар Ашаданов

– најдобар тренер на машка екипа (младински лиги): Александар Јованчев (Вардар)

– најдобар тренер на женска екипа (младински лиги): Мирослав Ивановски (Крива Паланка)

– најдобар играч во 3×3: Христијан Ристов

– најдобра екипа во 3×3: Кино Влае

– најдобар кошаркарски судија: Александар Павлов

– најдобар македонски тренер во странство: Емил Рајковиќ (ЦСКА Москва)

– најдобар македонски играч во странство: Ненад Димитријевиќ (Уникс Казан)

– најдобра младинска репрезентативна селекција: Машката репрезентација до 16 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2022 05:30