Втората едиција на „Златна Олимпија“, настан во организација на Македонскиот олимписки комитет со кој се наградуваат и слават успесите на жените во спортот, ќе се одржи вечерва во Скопје.

Од МОК информираат дека статуетките „Златна Олимпија“, придружени со четири плакети, оваа година ќе појдат во рацете на 12 жени и девојки.

Ова е втора „Златна Олимпија“ со која Македонскиот олимписки комитет, преку Комисијата за родова еднаквост, се залага за „спорт за сите“.

Настанот ќе биде емитуван на каналот на МОК од 19:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2022 10:43