Белоруската тенисерка Арина Сабаленка оцени денеска дека забраната за руските и белоруските тенисери да настап на ланскиот Вимблдон „не променила ништо“.

Сабаленка беше една од неколкуте високо рангирани тенисерки која го пропушти лондонскиот грен – слем поради едностраните санкции кои ги воведоа организаторите како реакција на руската инвазија врз Украина.

„Навистина сум разочарано бидејќи спортот на некој начин е во политиката. Ние сме спортисти кои се занимаваат со спорт. Доколку сите ние можеме да направиме нешто (во врска со војната) тоа ќе го направевме, но ние немаме никаква контрола“, изјави Сабаленка за весник Ејџ.

„Ни забранија настап на Вимблдон и што промени тоа? Ништо – тие (руската влада) и натаму го прават тоа и тоа е тажен дел од оваа состојба“, додаде петто рангираната светска тенисерка.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/01/2023 13:17