Кошаркарот на Кливленд кавалирс, Донован Мичел ги сподели своите емоции откако успеа да се запише во листата на играчи кои успеале да постигнат повеќе од 70 поени на еден натпревар.
На средбата со Чикаго одржана ноќеска на домашен терен (145:134, по продолженија), Мичел постигна 71 поен и стана седми играч на вечната листа во НБА со ваков ефект.
– Останав без зборови и благословен што сум во друштво на овие големи луѓе. Отсекогаш верував дека можам да станам еден од најдобрите играчи во лигата. За мене е важно не само што го постигнав ова, туку и што го направив на еден ваков тежок натпревар. Ние возвративме и успеавме да победиме. Ова е лудо, изјави Мичел.
Претходно преку 70 поени во најсилната кошаркарска лиога на светот постигнаа: Вилт Чембрлен, Коби Брајант, Дејвид Томпсон, Елгин Бејлор, Дејвид Робинсон и Девин Букер.
Кливленд во моментов е четврти во Источната конференција на НБА-лигата.