Втората слаломска трка во женска конкуренција на патеката Сљеме крај Загреб, која требаше да се вози денеска, е откажана поради „високи температури и ветер“, соопшти попладнево Меѓународната скијачка федерација.

Вчера во првата трка триумфираше Американката Микаела Шифрин и денеска можеше да го израмни рекордот според бројот на победи што е во сопственост на нејзината сонародничка Линдзи Вон (82).

Шанса да дојде до својата 82. победа во кариерата Шифрин ќе има овој викенд во Крањска Гора, каде в сабота и в недела на програмата се велеслаломските трки.

Женскиот слалом во Загреб и машката трка во слалом во Гармиш Партнекирхен вчера се одржаа со спуштен старт и скратени патеки поради недостиг на снег.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2023 14:03