Јапонската тенисерка Наоми Осака се повлече од настап на претстојниот Австралија опен, потврдија денеска организаторите на првиот годинешен грен – слем турнир.

„Ќе ни недостасува на Австралија опен 2023“, наведоа организаторите на грен – слем турнирот во Мелбурн во кратка порака на Твитер.

Причините поради кои двократната освојувачка на Австралија опен, засега, не се познати

Местото на 25-годишната Јапонка, во главната жрепка на Австралија опен, ќе го заземе украинската тенисерка Дајана Јастеремска.

Австралија опен почнува на 16 јануари.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2023 00:32