Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше денеска на АТП турнирот во австралискиот град Аделаида откако со пресврт го совлада во финалето Американецот Себастијан Корда со 2-1 во сетови (6-7,7-6,6-4).
Финалето траеше три часа и девет минути, а Ѓоковиќ успеа да се врати во игра откако Корда го освои првиот сет, а потоа не искористи и меч топка.
За Ѓоковиќ ова беше 131 АТП финале во кое ја освои 92 титула, од кои 21 на грен – слем турнирите. Српскиот тенисер ќе има можност да ја освои својата 22 грен – слем титула и со тоа да се израмни со Рафаел Надал на претстојниот Австралија опен кој почнува на 16 јануари.