Европското првенство во бокс во машка и женска конкуренција во 2024 година ќе се одржи во Белград, одлучи Европската боксерска конфедерација (ЕУБЦ).

Најдобрите европски боксери и боксерки ќе се натпреваруваат во белградската „Штарк арена“ во февруари 2024.

Тоае второ големо боксерско натпреварување во изминатите неколку години што ќе се одржи во Белград.

Главниот град на Србија во 2021 година беше домаќин на Светското боксерско првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2023 03:04