Македонската кошаркарска репрезентативка, Александра Стојановска потпиша за шпанскиот второлигаш Маристас Ла Коруња.
Претходно, најдобрата македонска кошаркарка за 2022 година беше член на грчкиот прволигаш Гас Јоникос.
Стојановска беше еден од најдобрите играчи во екипата од Атина.
Во досегашниот дел од сезоната нашата искусна репрезентативка одигра 13. натпревари на кои во просек реализираше по 10,3 поени, имаше и по 4,7 скока и 2,6 асистенции за просечни 27 минути поминати на теренот.
Стојановска доаѓа во екипа која е во долниот дел од табелата во ЛФ2 лигата на Шпанија, во која од почетокот на сезоната е и уште една репрезентативка – Нена Трајчевска.