Плејмејкерот на Црвена ѕвезда, Факундо Кампацо, кој привремено не може да игра во Евролигата, го појасни својот став по ова прашање.

– Останувам во Црвена звезда! Останувам со клубот, со моите соиграчи, со нашите навивачи и со овој град. Заедно ќе одиме на нови победи. Напред, Црвена ѕвезда! – напиша Кампацо на социјалните мрежи.

Финансиската комисија на Евролигата изрече санкции на белградскиот тим поради сериозно прекршување на правилата за финансиска стабилност и фер-плеј.

На Црвена ѕвезда и е забрането да регистрира нови играчи и тренери до 28 февруари, па Аргентинецот до март нема право да игра во Евролигата, туку настапува само во регионалната АБА-лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/01/2023 05:11