Директорот на Австралија опен, Крег Тајли изјави дека обезбедувањето ќе ги избрка од трибините гледачите кои ќе го „закачат“ и провоцираат Новак Ѓоковиќ.

Минатата година Србинот беше депортиран од Австралија поради проблеми со визата поврзани со одбивањето да се вакцинира против коронавирус.

– Ако им пречат на другите да уживаат во натпреварот, ќе бидат отстранети од трибините. Не сакаме такви гледачи. Тие можат да се држат настрана или ние ќе ги избркаме, додаде Тајли.

Грен слемот во Мелбрун ќе с еигра од 16 до 29 јануари.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2023 09:51