Играчот на НФЛ екипата Бафало Билс, Дамар Хамлин (24) е пуштен денеска од болница, девет денови откако доживеа срцев удар за време на првенствен натпревар и ќе ја продолжи својата рехабилитација во домашни услови, соопшти денеска неговиот тим.
Хамлин колабираше на 2 јануари, на теренот за време на дуелот меѓу Бафало и Синсинати, по пшто беше пренесен во Медицинскиот центар на Универзитетот во Синсинати.
По една недела во Синсинати, Хамлин во понеделникот беше пренесен во болница во Бафало, а откако му беа извршени сите потребни испитувања, пуштен е на домашно лекување.
Еден од докторите кои го оперираше Хамлин изјави дека неговата рехабилитација ќе биде „долг пат“.