Кошаркарите на Сан Антонио и Голден Стејт одиграа синоќа натпревар од регуларниот дел од сезоната пред најголем број гледачи во историјата на НБА лигата, а гостинскиот тим забележа убедлив триумф од 144-113.

Дуелот во салата „Аламодом“, која беше седиште на Сан Антонио во периодот од 1993 до 2002 година го следеа 68.323 гледачи.

Со тоа е соборен рекордот од 1998 година, кога натпреварот меѓу Атланта и Чикаго во „Џорџија Дом“ во Атланта го следеа 62.046 гледачи.

Џордан Пул со 25 поени го предводеше Голден Стејт до победата со која ја прекина серијата од три последователни порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2023 02:49