Пингпонгарска федерација на Македонија продолжува со учество на младинските светски Контендери. Прв за оваа година е Контендер во Линц-Австрија, каде боите на репрезентацијата на Македонија ги бранеше Моника Стајковска од клубот ППК Зегин Берово, соопштија од федерацијата.

Стајковска викендот играше во две категории во У13, и во У15, но не успеа да ги добие мечевите во групите и не успеа да се пласира на главната табела.

ПФМ ја претставуваше и Ангелина Иванова која беше дел од судиите на Контендер Линц 2023. Потпретседателот Рикалоски го искористи присуството да разговара со одговорните лица на овие Контендери, за да се отпочнат подготовките за Стар Контендер Македонија 2023 во Скопје, во септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2023 08:33