Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва загубија на гостувањето во Белград од фаворитот Партизан со 120-67 (54-34) во рамки на 15. коло во регионалното АБА натпреварување.

Најефикасен на натпреварот беше кошаркарот на Партизан, Смаилагиќ со 24 поени, додека најистакнат во редовите на МЗТ Скопје беше Војдан Стојановски со 16 поени.

МЗТ Скопје со овој пораз остана на последното место на табелата со ефект од две победи и 13 порази и ќе има тешка задача да избори опстанок во сезоната во која по подолга пауза се врати во регионалното друштво.

Во следното коло македонскиот првак на 21 овој месец во Скопје го пречекува подгорички Будуќност



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2023 02:43