Поради екстремно високи температури денеска се прекинати натпреварите од вториот ден на грен – слем турнирот Австралија опен во Мелбурн.
Во Мелбурн денеска се измерени 36 степени целзиусови, а топлиот ветер дополнително го отежна одигрувањето на тениските натпревари на „Мелбурн парк“.
Прекинати се десет натпревари на отворено, но дуелите кои се играат на затворено, на терените Род Лејвер, Маргарет Корт и Џон Кејн Арена, продолжија.
Организаторите соопштија дека прекинатите натпревари ќе продолжат околу 17 часот по локално време, кога временските услови ќе бидат подобри.