Енди Мареј вечерва го победи Танаси Кокинакис на Австралија Опен – 4:6, 6:7(4), 7:6(5), 6:3, 7:5. Мечот траеше 5 часа и 45 минути и стана најдолгиот во кариерата на двајцата тенисери. Заврши во 4:06 часот по локално време.

Пред ова, најдолгиот натпревар во кариерата на Мареј беше средбата во Дејвис купот во 2016 година против Хуан Мартин дел Потро, која траеше 5 часа и 7 минути. Тој меч го доби Дел Потро – 6:4, 5:7, 6:7, 6:3, 6:4.

Британецот по 11-ти пат во кариерата возврати по 0-2 во сетови и е единствен со вакво достигнување.

Генерално, билансот на Мареј во натпреварите од пет сета е 28:13.

Следен противник на британецот ќе биде Роберто Баутиста-Агут од Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2023 02:45