Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска го заврши настапот на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако претпладнево загуби во осминафиналето од Елена Рибакина од Казахстан со 6-4, 6-4.
Рибакина досега имаше девет победи против тенисерки од ТОП 10, од кои две беа на грен – слем турнирите, но досега немаше триумф над прворангирана тенисерка на ВТА листата.
Казахстанската тенисерка, рангирана на 25 на ВТА листата, е прва четвртфиналистка на грен – слем турнирот во Мелбурн, а за сензационалниот триумф над Швјонтек и беа потребни 90 минути.
Рибакина во четвртфиналето ќе игра против Летонката Елена Остапенко, која ја елиминираше седмата носителка Коко Гоф од САД со 7-5, 6-3.