Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс постигна 46 поени рано утрово во градското дерби со Клиперс.
Така, 38-годишниот Џејмс стана првиот кошаркар кој постигнал 40 поени во натпреварите против сите 30 екипи од НБА-лигата.
Лејкерси и покрај ефикасната игра на Џејмс загубија од Лос Анџелес клиперс на домашен терен со 115:133.
На овој меч Леброн постави личен рекорд по број на тројки – уфрли вкупно девет.
Оваа сезона ветеранот има просек од 29,8 поени, 8,5 скока и 6,9 асистенции по натпревар.