Полската тенисерка Магда Линет ја победи Каролина Плишкова со 6:3 и 7:5 во првиот денешен четврт финален меч на Австралија Опен.
Триесетгодишната Линет за прв пат се пласираше во полуфинале на Грен слем турнир. Досега не стигнала подалеку од третото коло.
Во Мелбурн, Линет победи четири тенисерки, вклучувајќи ја и светската тенисерка број 4, Каролин Гарсија.
Таа во полуфиналето ќе ги одмери силите со Арина Сабаленка од Белорусија. Во четвртфиналето, Сабаланека ја победи Дона Векиќ со 6:3 и 6:2.
Белорусинката по четврти пат играше во четвртфиналето на Грен слем турнирот и победи четврти пат. Досега нема пласман во финале на Грен слем турнир.