Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на Австралија опен, откако денес во четвртфиналето го победи Андреј Рублев (Русија) со максимални 3:0, по сетови 6:1, 6:2 и 6:4.

За Србинот ова е 44-то полуфинале на Грен слем турнирите, повеќе од него има само Роџер Федерер – 46.

На Австралија опен, Новак нема пораз од 2018 година и по 10-ти пат стигна до полуфинале. Во претходните девет наврати, тој ја освои титулата.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналната фаза ќе буде Американецот Томи Пол, кој беше поуспешен од својот сонародник Бен Шелтон со 3:1 во првото денешно четвртфинале.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Стефан иос Циципас (Грција) – Карен Качанов (Русија).



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2023 16:29