Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги објави термините за натпреварите во групната фаза на 34. Европско првенството за мажи кое од 28 август до 16 септември оваа година ќе се одржува во Скопје, Бари, Болоња и Варна.
Во групата Ц во Скопје, македонските одбојкари ќе играат против Полска, Холандија, Чешка, Данска и Црна Гора.
Премиерниот натпревар македонската репрезентација ќе го одигра на 30 август против Данска во салата „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот.
Следуваат дуелите против Црна Гора (2 септември) и Полска (3 септември), по што во завршните две кола македонските одбојкари ќе играат против Холандија (5 септември) и следниот ден против Полска.
Првите четири репрезентации ќе обезбедат пласман во четвртфиналето кое ќе се игра во Бари и Варна.
Финалето е на програмата на 16 септември во Болоња.