Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е вториот учесник во финалето на Австралија опен на кое в недела против Гркот Стефанос Циципас ќе се обиде по десетти пат во кариерата да триумфира во Мелбурн и да ја освои својата 22. грен – слем титула со што би го израмнил рекордот на Рафаел Надал.
Ѓоковиќ во доминантен стил обезбеди место во финалето во Мелбурн совладувајќи го во денешното второ полуфинале Американецот Томи Пол за два часа и 20 минути игра со 7-5, 6-1, 6-2.
Претходно денеска, Циципас триумфираше во воведното полуфинале над Русинот Карен Хачанов со 3-1 во сетови.
Ѓоковиќ ма десет победи во меѓусебните 12 дуели против Циципас, вклучувајќи ја и победата во 2021 година во финалето на Ролан Гарос.
Финалето на Австралија опен е на програмата в недела од 9:30 часот по средно европско време.