Директорот на Ферари, Фредерик Васер, најави денеска дека на двајцата возачи во екипата, Шарл Леклер и Карлос Саинц, им ставил „кристално јасно“ на знаење дека ќе имаат ист тимски статус во новата сезона во Формула 1.

Васер од оваа година е директор на Ферари откако го замени на должноста Матија Бинота во обид по пауза од 14 години на италијанската екипа да ѝ донесе прва шампионска титула.

Леклер во минатото соработуваше со Васер во Алфа Ромео и поради тоа се шпекулираше дека возачот од Монако ќе биде фаворизиран во екипата, но новиот директор на Ферари тоа го отфрли.

„Целта на екипата е победа, со Ферари и за Ферари тоа е политиката на екипата, За тоа веќе разговарав со возачите. Кристално е јасно дека ќе имаат ист третман и обајцата ќе ги поддржуваме на ист начин“, изјави Васер за „Скај Италија“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2023 04:03