Белоруската 24-годишна тенисерка Арина Сабаленка го освои својот премиерен грен – слем трофеј, совладувајќи ја денеска во финалето на Австралија опен во Мелбурн Елена Рибакина од Казахстан со 4-6, 6-3, 6-4.

Најголемата победа во кариерата, во своето прво поединечно грен – слем финале, Сабаленка ја оствари искористувајќи ја четвртата меч топка, по два часа и 28 минути игра.

Белорусинката, која настапот на Австралија опен го почна како петто рангирана на ВТА листата, во понеделник повторно ќе биде втора тенисерка во светот и со тоа ќе го израмни својот најдобар ранкинг во кариерата.

Поразената Рибакина на новото рангирање ќе скокне за десет места и ќе стане прва казахстанска тенисерка која влегла во Топ 10.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2023 18:14