Белоруската тенисерка Арина Сабаленка по денешниот триумф на Австралија опен им се заблагодари на организаторите на грен – слем турнирот во Мелбурн и на публиката која направи прекрасна атмосфера во финалето.

Сабаленка триумфираше со пресврт над казахстанската тенисерка Елена Рибакина со 2-1 (4:6, 6:3, 6:4) и ја освои првата грен – слем титула во кариерата.

– Сакам да ѝ честитам на Елена на овие фантастични две недели. Ти си прекрасна тенисерка и сигурна сум дека ќе имаме уште големи битки во финалиња, порача Сабаленка, кој од понеделник повторно ќе биде второпласирана на ВТА листата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2023 01:41