Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски ноќеска го одигра својот најдобар (поентерски) натпревар откако е дојден во составот на Вашингтон Стејт, и беше најзаслужниот за победата на популарните „Кугарс“ на средбата против Аризона Стејт (75:58).

Јакимовски одигра 31 минута, а за тој период поминат во игра, постигна 22 поени што е негов нов личен рекорд во НЦАА-лигата во кариерата.

Досегашниот рекорд на македонскиот кошаркар изнесуваше 19 поени, а ги реализира пред две години.

Во новиот рекорд, Јакимовски реализираше пет тројки (од десет обиди), а додаде уште седум скока и три асистенции, за вкупен индекс 24.

Вашингтон Стејт Универзитетот се наоѓа на деветтата позиција во Пацифик-12 дивизијата. Има биланс од 10 победи и 13 порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2023 03:11