На Меѓународниот турнир во текбол во Скопје доминираа играчите од Унгарија. Тие освоија 11 од можни 15 медали.

Во женското финале Унгарката Габриела Кота ја совлада сонародничката Занет Јаниќек со 2:1.

Кај мажите во финалето Апор Ѓорѓидеак од Романија загуби од Адам Блажович од Унгарија со 1:2.

Победнички во женски двојки се Унгарките Леа Васас и Жанет Јаниќек кои во финалето беа поуспешни од сонародничките Кристина Акс и Габриела Кота со 2:0 во сетови.

Најдобри во машки двојки се Унгарците Чаба Бањик и Балаж Кач откако во мечот за златото ги совладаа Никола Митро и Богдан Маројевиќ од Србија со 2:1.

Златото во мешани двојки им припадна на Леа Васас и Адам Бако од Унгарија по победата во финалето со 2:0 против Амели Џулијан и Хуго Рабо од Франција.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2023 03:12