Шпанскиот тенисер Рафаел Надал му честиташе на Србинот Новак Ѓоковиќ на освоената, рекордна, десетта титула на Австралија опен.

„Неверојатно достигнување. Честитки до тебе и твојот тим. Апсолутно заслужено, уживај Ноле“, напиша Надал на својот Инстаграм профил.

Ѓоковиќ вечра по 10. пат во кариерата триумфираше на Австралија опен, совладувајќи го во финалето на грен – слемот во Мелбурн. Гркот Стефанос Циципас со 3-0 во сетови.

Српскиот тенисер со триумфот во Мелбурн ја освои својата 22. грен – слем и го израмни рекордот на Надал, а од денеска се врати на чело на АТП ранг-листата.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2023 02:59