Четирикратниот олимписки шампион, британскиот тркач Мохамед Фарах изјави дека 2023 година би можела да биде последната година од неговата професионална кариера.

– Нема да одам на Олимпијадата во Париз и мислам дека 2023 ќе ми биде последна. Ако бидам избран да ја претставувам мојата земја на Светското првенство, не би го одбил повикот. Нема многу време до моето пензионирање, а кога конечно ќе престанам активно да трчам, би сакал да ви покажам што може да се постигне со напорна работа. Имам тренерска лиценца и би сакал да одам по овој пат и да придонесам, особено за британските спортисти, вели фарах за „Мирор.

Лондонскиот маратон ќе се одржи на 23 април, додека Светското првенство во атлетика е предвидено да се одржи од 19 до 27 август во Будимпешта.

Триесет и деветгодишниот Фарах е четирикратен освојувач на златен медал на Олимписките игри. Тој освои златни медали на 5 и 10 илјади метри на Олимпијадата во Лондон 2012 и Рио де Жанеиро 2016 година.

Фарах е и шесткратен светски шампион и седумкратен европски шампион во трчање на долги патеки.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2023 16:31