Членот на бахреинското владејачко семејство, шеик Салман би Ебрахим Ал Калифа, доби нов четиригодишен мандат на должноста претседател на Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).
Ал Калифа на челното место на АФЦ седна во 2013 година наследувајќи го Мохамед бин Хамам. Во меѓувреме беше реизбран во 2015 и 2018 година, а ниту еднаш немаше против кандидат.
На конгресот во Манана, АФЦ ја потврди одлуката Саудиска Арабија да го организира Азиското првенство 2017, откако Индија, Иран, Катар и Узбекистан се откажаа од кандидатурите