Тренерот на Челзи, Греам Потер го коментираше ремито со Фулам во натпреварот од 22. коло на шампионатот на Англија.

„Сините“ синоќа на домашен терен одиграа 0:0 во меч без многу шанси. За Челзи дебитираше Енцо Фернандез, фудбалер за кого еден премиерлигаш платил наголемо обештетување.

- Од самиот почеток имаше добра атмосфера. Играчите вредно играа еден за друг против организиран тим. Противниците долго време играат заедно, но ние сме во друга ситуација. Дел од нашите нашите фудбалери се вратија по повреди, дел се нови. Ни треба време да се воиграме. Чувствуваме дека имаме многу силна група на играчи. За нас е важно да се подобриме. Новите играчи се прилагодуваат на нова земја и нова лига. Не е едноставно. Кога се плаќаат големи пари за играчите, секогаш ќе се поставуваат прашања, таква е природата на бизнисот, изјави Потер зс „Би-би-си“.

Челзи е на 9. место со 30 бодови, Фулам се искачи на 6. позиција на првенствената табела со 32 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2023 09:48