На 03.02.2023 во 11.00 часот во с.Слепче, демирхисарско, полициски службеници од СВР Битола - Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Д.В.(39) од с.Велгошти, охридско.

Тој се сомничи дека на 02.02.2023 во периодот од 09.00 до 16.00 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во куќата на С.В.(81) од с.Слепче и одзел пари.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2023 10:38