Силвио Берлускони планира да го освои Скудетото со Монца.

- Сакаме да го освоиме Скудетото следната година или таа по неа. Со текот на годините Монца набави нови играчи, а сега го реновиравме стадионот, потрошивме 25 милиони евра за него. Се е променето. Сега повеќе од десет илјади луѓе доаѓаат да ја видат Монца. Перспективата е она за што ви кажав: ние сме едно, затоа што сите мора да бидеме едно. Кој верува во ова, се бори. Кој верува во ова ги надминува сите пречки. Кој верува во ова победува. Мора да веруваме во Монца, која мора да стане голем клуб, изјави претседателот на Монца.

Монца во моментов е 11. во Серија А со 25 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2023 10:10