Магнетната резонанца откри дека најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, има делумни руптури на лигаментите на коленото и набиена потколеница.

Поради повредата, Кари ќе го пропушти утрешниот натпревар против Оклахома. Времето на враќање на играчот во системот ќе биде објавено во наредните денови.

Претходно, инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Шаранија, откри дека Кари се очекува да пропушти неколку недели, како и НБА Ол-стар натпреварот.

Кари ја повреди ногата во третата четвртина од вчерашниот натпревар против Далас (119:113) како последица на судир со Мекинли Рајт.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2023 09:19