Потврдено е дека под урнатините предизвикани од земјотресот во Турција, еден од играчите на Хатај е Кристијан Ацу кој синоќа постигна гол во 97. минута за победа против Касимпаша.

Потрагата по репрезентативецот на Гана моментално е во тек, сите се надеваат дека поранешниот играч на Челзи и Њукасл е жив и ќе биде спасен.

Ацу за репрезентацијата на Гана одигра 65 натпревари и постигна девет гола.

Тој во Хатајспор пристигна на 6 септември минатата година.

Покрај него, објавена е информација и дека спортскиот директор на Хатај, Танер Савут е под урнатините по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 04:24