Тренерот на Работнички, Димитар Мираковски е задоволен од изданието на неговите избраници на синоќешното вечно дерби со МЗТ Скопје и покрај поразот.

Домаќините во натпревар со неизвесна завршница победија со 91:87.

- Вистински празник на кошарката, право дерби со голем број навивачи, неизвесност до крај. Посакуваме да растеме како клуб и да има повеќе вакви натпревари. Жал ни е што не победивме, истото тоа се однесува и на претходните два натпревара. Задоволен сум од сите играчи. Тешко е со МЗТ Скопје да се држи ист ритам без силен ростер, но повторно ќе кажам сите наши играчи максимално се залагаа. Во моментов МЗТ е многу силен и за да се победи мора да се искористат сите шанси што ќе ти се пружат, изјави Мираковски.

По 14 кола во Првата лига, МЗТ Скопје Аеродром е лидер на табелата со 26 бода, Работнички е на 7. место со 21 освоен бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2023 09:39