НБА-лигашот Феникс санс на официјалниот сајт објави дека американскиот бизнисмен Метју Ишбија станал нов сопственик на клубот.
Бизнисменот беше на чело на бордот на Феникс санс (НБА) и Феникс Меркјури (женска НБА), а неговиот брат Џастин Ишбија стана вториот најголем акционер и заменик-менаџер.
Ишбија е основач и извршен директор на „United Wholesale Mortgage“, компанија за хипотекарни заеми со седиште во Мичиген. Форбс го проценува неговото нето богатство на 5,1 милијарди долари.
Во ноември 2021 година, новинарот на ESPN, Бакстер Холмс, објави напис во кој го обвинува досегашниот сопственик на Санс, Роберт Сарвер за расизам и мизогинија. Врз основа на овој напис, НБА спроведе сопствена истрага.
Досегашниот сопственик на Санс, Роберт Сервер го продаде клубот поради суспензијата од НБА добиена пред пола година поради расизам и мизогинија.