Италијанката Марта Басино е победничка на денешниот Супер-Џи возен во рамките на Светското првенство во француски Куршевел Мерибел.
Басино до златото стигна со време 1:28.06 минута. Таа е втора по Изолде Костнер која донесе злато на својата земја од дисциплината супервелеслалом.
Второто место и припадна на Американката Микаела Шифрин која зад победничката заостана 11 стотинки.
За место на победнчкиот подиум се изборија и Корнелија Хутер (Швајцарија) и Кајса Ли (Норвешка) кои имаа исто време 1:28.39 и освоија бронзен медал.