Кевин Дурант, најверојатно ќе го пропушти претстојниот НБА Ол-стар натпревар во Солт Лејк Сити.
Според инсајдерот на „ESPN“ Адријан Војнаровски, Дурант продолжува да закрепнува од повредата на лигамент на десното колено.
Се очекува кошаркарот да се врати во составот на Бруклин по паузата за Ол-стар викендот.
Дурант беше избран за стартер на Ол-стар натпреварот со гласање од навивачите. Кој ќе го замени се уште не се знае.