Уличната трка што стана неизоставен дел од скопскиот календар со спортски настани, „Халк-еко Скопје трча 10 км“, оваа година ќе се одржи на 7 мај со почеток во девет часот со старт и цел на булевар „Илинден“ кај фонтана „Лотос“, информираат организаторите.

- Секоја година бројот на учесници се зголемува. Новитет од оваа година е меѓународниот сертификат со кој се здоби оваа трка од страна на АИМС и Светска атлетика. По „Виз ер Скопски маратон“, ова е втора трка во Македонија со ваков сертификат. Ова значи сите остварени резултати и норми, ќе бидат признаени од овие меѓународни институции, се појаснува во соопштението.

Официјалното пријавување е отворено и ќе трае до 26 април, или до пополнување на предвидениот број на учесници. Заинтересираните може да се пријават преку веб-страницата www.skopje.run, каде можат да најдат и подетални информации за настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2023 10:07