Канадскиот скијач Џејмс Крафорд е победник на денешната трка во Супер-Џи на Светксото првенство во алпско скијање што се одржува во француски Куршевел и Мерибел.

Изненадувачки, Крафорд на целта мина со најдобро време – 1:07.22 минута и го освои златниот медал. За него ова е воопшто прва победа во сениорската кариерата. Тој на Канада и го донесе второто злато во супервелеслалом од Светските првенства.

Фаворитите завршија зад Крафорд. Норвежанецот Александер Омод Килде се најде на втората позиција со само една стотинка заостанување.

Бронза освои шампионот во комбинација од завчера, домашниот натпреварувач Алексис Пантуро.

Без одличје остана Швајцарецот Марко Одермат (4. место) кој пред трката важеше за голем фаворит за медал.

Следна трка во машка конкуренција на Светското првенство 2023 е спустот закажан за в недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2023 13:17