По тешко и долго боледување денес на 38-годишна возраст почина поранешната италијанска скијачка Елена Фанкини.
Фанкини во својата кариера најдобри резултати постигнуваше во брзите дисциплини, спуст и супервелеслалом.
Носителка е на два мали кристални глобуса во спуст, како и сребрен медал од Мундијалот во 2005 година.