Бостон го совлада синоќа пред своите гледачи Шарлот со 127-116, а кошаркарот на домашниот тим Џејсон Тејтум придонесе во триумфот со 41 поени и стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до бројката од 1.000 погодени „тројки“.
Третиот избор на драфтот во 2017 година до рекордот дојде на три недели пред својот 25 роденден.
На Тејтум за тоа му беа потребни 418 натпревари одиграни во регуларниот дел од сезоните.
На дуелот против Шарлот кошаркарот на Бостон погоди пет „тројки“ од 10 обиди со реализација од поле 13/21.