Стеф Кари, Кевин Дурант и Зион Вилијамсон поради повреди и официјално ги откажаа своите настапи на овогодишниот НБА „Ол Стар“ натпревар кој ќе се игра на 19 февруари во Солт Лејк Сити, а нивните места во почетните петорки ќе ги заземат Џоел Ембилд, Џа Морант и Лаури Марканен.
Кошаркарот на актуелниот шампион Голден Стејт, Кари, го откажа настапот поради повреда на левото колено, Дурант кој последниот ден од преодниот рок прејде од Бруклин во Феникс, сè уште не е рехабилитиран од повредата на лигаментите на десното колено, додека Вилијамсон е надвор од терените од 2 февруари поради проблеми со ишијас во десната нога.
Местата на Ембилд, Морант и Марканен во улогити на резервисти на „Ол Стар“ натпреварот ќе ги пополнат Ентони Едвардс од Минесота, Деарон Фокс од Сакраменто и Паскал Сиакам од Торонто.
За Едвард и Фокс ова ќе бидат дебитантски настапи на „Ол стар“ во кариерите.